Конкурс за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје 25.6.2017

За остварување на јавните потреби во областа на културата, Град Скопје распишува Конкурс за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес за град Скопје за 2017 година.

Културните дејности, програми, манифестации и финансиските средства за нивна реализација се утврдуваат со годишната програма за култура и со Буџетот на Град Скопје за 2017 година.

На Конкурсот имаат право  да учествуваат уметници, самостојни уметници,  установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

 

Градот Скопје ќе учествува во финансирање на програми, проекти и активности, согласно законската регулатива, врз база на утврдените „Цели и  критериуми за избор на проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје“ и тоа:

  1. Манифестации на отворен простор во централното градско подрачје

Поднесените пријави треба да ги задоволуваат  „Целите и  критериумите за избор на проекти од областа на културата од интрес на Град Скопје“  што се дадени во прилог на Конкурсот објавен на Официјалниот веб портал на Град Скопје.

Пријавувањето на Конкурсот се врши со доставување на пополнета пријава (апликација). 

Апликантите, покрај пријавата, задолжително треба да ги достават и следните документи:

-       документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци,

-       потврда за  отворена и активна  жиро сметка.

Пријавите (апликациите) може да се подигнат во Секторот за јавни дејности - Одделение за култура на Град Скопје (барака 2), Архивата на Град Скопје  или од Официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Конкурсот се објавува на  17.06.2017 и трае до 23.06.2017 година, односно 7 календарски дена од денот на објавување  во средствата за јавно информирање и официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Пријавите, во пишана форма и снимени на ЦД, треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, или во архивата на Градот  Скопје,  најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот (23.06.2017 година), со назнака „Конкурс за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на градот Скопје за 2017 година“.

Напомена: Пријавите со непотполни податоци и нецелосна документација,  пријави пополнети на несоодветен образец, како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Резултатите од Конкурсот, ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот  веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2017 година.

Дополнителни информации може да се добијат на следните телефони:  02/ 3297-323, 02/ 3297-324, 02/ 3297-289