ГРАДОТ СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА КОШАРКАРИ ДО 18 ГОДИНИ 06.8.2018
Градоначалникот Шилегов денеска заедно со спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Владимир Темелковски, одржа прес-конференција во спортската сала „Јане Сандански“ каде што ги изнесоа деталите за претстојното европското првенство за кошаркари до 18 години, на кое Скопје ќе биде домаќин. На пресот беа присутни и селекторот на машката репрезентација во кошарка до 18 години, Панче Милевски и капитенот на репрезентацијата, Лука Стојаноски.
- Ми претставува чест и задоволство што Скопје оваа година е домаќин на европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години, најмасовно првенство за млади со учество на 24 екипи и вкупно 300 учесници. Првенството трае девет дена, сметајќи ги и двата дена за одмор (30 јули и 2 август), почнува на 27 јули, завршува на 5 август 2018 година - кажа Шилегов.
Натпреварите ќе се играат во СРЦ Кале (голема сала) каде што нашата репрезентација ќе ги одигра сите натпревари од групната фаза, во СЦ „Јане Сандански“, како и во Vip арената при СЦ „Борис Трајковски“.
На европското првенство најавено е присуство на 15 скаути од НБА и уште 15 од евролигашки клубови коишто ќе ги следат јуниорските таленти за време на првенството. Исто така, најавена е и посета од извршниот директор на ФИБА, Камил Новак, на почетокот на месец август.
- Град Скопје и понатаму ќе продолжи да поддржува настани кои го развиваат спортскиот дух кај младите затоа што тие се нашата иднина, иднината на овој град. Покрај вложувањата во врвниот, рекреативниот, масовниот и во спортот за лица со посебни потреби, најмногу ќе вложуваме во средноучилишниот спорт. Годинава доделивме 100 стипендии за спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на Градот Скопје - истакна Шилегов на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека спортувањето е важна алка во развојот на младите и планира да остане доследен во својата обврска како градоначалник, на секој можен начин да ги поддржува сите млади луѓе кои се мотивирани да се занимаваат со спорт, независно дали тоа го прават професионално или рекреативно.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
