ШИЛЕГОВ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО 27.6.2018
Градоначалникот Шилегов денеска го посети Дневниот центар за дарување крв во ДХО „Даре Џамбаз“ каде што Црвениот крст на Град Скопје организира крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството - 14 Јуни.
- Доброволното дарување крв претставува исклучително благородно и хумано дело. За овие пет години од работењето на Дневниот центар за дарување крв, речиси 10.000 лица даруваа крв. Дневниот центар им нуди можност на граѓаните во секое време да даруваат крв, а на тој начин се зголемуваат резервите на крв и можностите за спасување животи. Правилната едукација е важен фактор за мотивација на секој иден крводарител, како и дополнителен поттик за повеќекратните крводарители. Токму преку овој центар се мотивираат нашите помлади сограѓани со цел нивно активно вклучување како редовни крводарители – рече денеска градоначалникот Шилегов.
Дневниот центар за дарување крв во ДХО „Даре Џамбаз“ го опслужуваат мобилни екипи од Институтот за трансфузиона медицина и волонтери на Црвениот крст на Град Скопје.
- Секоја година, по повод 26 Јули и 13 Ноември Црвениот крст организира традиционални крводарителски акции. Таа традиција ќе ја помогнеме. Нашата идеа е да помогнеме на што е можно повеќе луѓе. Велат, ако спасиш еден човек, си го спасил целиот свет. Токму затоа ви благодарам на вашата посветена работа, спасувајте го светот секој ден – порача Шилегов.
Дневниот центар за дарување крв годинава одбележува пет години од своето работење, период во кој се собрани вкупно 9.369 единици крв од самоиницијативни дарувања, како и од дарувања во акции реализирани во неговите простории.
Како дел од денешното одбележување на Светскиот ден на крводарителството беа доделени благодарници и плакети на организации и институции за нивниот придонес за промоција и унапредување на крводарителството во Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
