ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ЗА УЧЕСТВО НА УМЕТНИЦИ НА РАБОТИЛНИЦИ И УМЕТНИЧКИ ПРЕСТОЈ 01.6.2018

Град Скопје се вклучи како партнер во европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt - http://creart-eu.org) поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.

Во рамки на активностите на проектот, Град Скопје ги уметниците кои живеат и работат во Скопје дека се отворени три (3) повици за учество на уметници во  рамки на активностите  кои се спроведуваат во проектот.

 

1. Повик за  млади уметници до 35 години кои доаѓаат од градовите –учесници во проектот Креарт, да се пријават на уметничката работилница што ќе се оддржува во  Загреб, Хрватска од 17 до 20 октомври 2018 година во Музејот на современа уметност Темата на работилницата е „Уметничката фотографија како скулпторски материјал во современата уметност“, ментор на работилницата е академскиот скулптор Кристијан Кожул, а куратор на работилницата е Леа Вене.

Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на он-лине апликација на следниот линк https://creart2-eu.org/open-calls/artist-workshop-in-zagreb-the-use-of-photography-as-a-sculptural-material-in-contemporary-art.

Рокот за пријавување  до 29 јуни 2018  година.

Изборот на уметниците ќе се врши од страна на партнерот од Градот Загреб, Хрватска.

 

2. Повик на уметници кои доаѓаат од градовите–учесници во проектот Креарт да се пријават за да  учествуваат  на  уметнички престој во Каунас, Литванија што ќе се оддржи од 26 септември до 26 октомври 2018 година. Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на  он-лине апликација на следниот линк на кој е објавен и повикот со условите за учество:  https://creart2-eu.org/open-calls/crert-artist-in-residence-in-kaunas-lithuania-september-26-october-26-2018 . Рокот за пријавување е до 20 јуни  2018 година.

Изборот на уметниците ќе се врши од страна на партнерот од Градот Каунас, Литванија.

 

3. Исто така, Градот Руен го продолжи повикот за уметници кои доаѓаат од градовите –учесници во проектот Креарт да се пријават за да учествуваат на  дуалната изложба и краток уметнички престој во Руен, Франција кои ќе се одржат во следните термини: Краток уметнички престој (Dual Artist in residence) ќе се одржува од 19 ноември до 30 ноември 2018 година, а Дуалната изложба (Dual exhibition)  ќе се одржува од 30  ноември 2018 година до  18 јануари 2019 година.  Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници  е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на  он-лине апликација на следниот линк:   https://creart2-eu.org/open-calls/dual-exhibition-and-short-air-in-rouen-fr-2018 .

Рокот за пријавување е  продолжен до 14 мај 2018 година. Изборот на уметниците ќе се врши од страна на  Градот Руен.

 

Град Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво)  што претствува  европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Лидер на проектот е градот Валадолид од Шпанија, а  проектот го сочинуваат 12 партнери.