СЕ ПОСТАВУВААТ 1200 ТАБЛИЧКИ СО КУЌНИ БРОЕВИ ВО ВИЗБЕГОВО 17.3.2016
Во текот на неделава, екипи на Град Скопје во координација со месната заедница ќе постават 1 200 таблички со куќни броеви во населеното место Визбегово, односно на: улица 1, улица 2, улица 3, улица 4 и улица 5.
Потребата за замена и поставување на таблички ја определува Секторот за комунални работи, врз основа на претходно утврдени и ажурирани податоци.
Оваа активност се спроведува согласно со Одлуката на Советот на Град Скопје, што ја донесе на педесет и осмата седница, одржана на 22 декември 2015 година, за набавка и поставување на таблички со куќни броеви.
Со оваа Одлука се утврдува обврската на Градот Скопје да изврши замена на оштетени или исчезнати таблички со куќни броеви, да постави таблички на објектите на кои е извршена пренумерација на броевите, како и во други случаи утврдени со закон, на подрачјето на Град Скопје
Трошоците за набавка и поставување на табличките се на товар на Градот Скопје, а средствата за оваа намена се обезбедуваат со Буџетот на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
