МАТУРАНТИТЕ ИГРАА КВАДРИЛ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“ 05.6.2018
![]() |
![]() |
На плоштадот „Македонија“ денеска (18.05.2018 година,петок) по дванаесетти пат се одржа „Матурската парада “, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“. „Матурската парада“ ја отвори градоначалникот Шилегов.
![]() |
![]() |
- Матуранти, со завршувањето на средното образование вие затворате едно поглавје во вашите животи, но пред вас се отвораат и многу можности. Ако човек успее младешкиот жар и ентузијазам да ги задржи во текот на целиот живот неминовно ќе постигне успех. Затоа, задржете ги ентузијазмот и енергијата кои сега ги имате и бидете посветени на се што работите во животот за да може да успеете - истакна Шилегов.
![]() |
![]() |
Тој им даде ветување на матурантите дека ќе работи Скопје да го направи современ град, пофункционален и безбеден, каде што тие ќе бидете почитувани и вреднувани, и ќе ја гледаат и градат успешно својата иднина.
![]() |
![]() |
На годинешната „Матурска парада” во Скопје учествуваа над 1.000 ученици од 22 средни училишта во Скопје, како и матуранти од 15 средни училишта од Охрид, Струга, Струмица, Гевгелија и од Куманово.
Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција.
![]() |
![]() |
Организатори на годинешнава Матурска парада се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а покровител на манифестацијата е Градот Скопје. Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
