ПРОДОЛЖУВААТ МАНИФЕСТАЦИИТЕ ВО РАМКИ НА СЕДМИТЕ „ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА“ 16.3.2016

 

 

Продолжуваат бројните настани и манифестации кои се одржуваат во рамките на седмото израние на „Вечерите на женски права“.

Вечерва во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани поголем број кратки филмови од Конкурсот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и Нова Македонија, каде што публиката ќе може да ги проследи филмовите:

 

 

„Ипсилон",  на авторката  Анастасија Точевска;

„Жената е човек",  на авторите: Јасмина и Гоце Трајкоски,

„Украдена Насмевка", на авторот Сергеј Сарчевски,

„Одзив", на  авторот Сара Александровска и

„Нескршлив ум", на авторот Филип Петрески.

 

По проекцијата на кратките филмови, ќе биде прикажан филмот „Аристофан во Днопоље“ во режија на Наташа Милоевиќ и Небојша Радосавлевиќ, а по филмот ќе се одржи дебата на тема „Двојна исклученост: жените од руралните средини“.

Седмото издание на „Вечери на женски права“ ќе бидат затворени во утре /12.03.2016 година, сабота/ во Кинотека на Македонија во 20 часот со прикажување на филмот „Бог не работи во недела!“ во режија на Леона Голдштајн.

 

Настанот се организира под покровителство на Градот Скопје, во соработка со Канцеларијата на UN Women од Скопје, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Институтот за родови студии, при Филозофскиот факултет од Скопје,  Центарот за истражување и креирање политики и Кинотеката на Република Македонија како домаќини и партнер во организирањето на настанот.