СЕ ОДРЖАА ПРВИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ТУРНИРИ ВО ГОЛБАЛ И ВО ШОУДАН 15.11.2017
Во организација на спортското здружение на слепи и слабовидни „Феникс“ од Скопје, со поддршка на Град Скопје, на 07.10.2017 година,сабота, во двете училишни спортски сали на СУГС „Михајло Пупин“ (коишто се опремени со спортска опрема и реквизити по сите Европски и светски стандарди за одржување на ваков тип меѓународни турнири), се одржаа првите меѓународни турнири во голбал и во шоудаун во Скопје.
На турнирот во голбал учествуваа вкупно 5 екипи, од три држави, односно од Македонија, Србија и од Бугарија.
Од Р.Македонија учествуваа: екипата победничката на Државното првенство во голбал од Македонија-Кавадарци, и две екипи Скопје 1 и Скопје 2, од Здружението на слепи и лица со оштетен вид од Скопје, од Р.Србија учествуваше екипата на Напредок од Белград и од Р.Бугарија екипата на Витоша од Софија.
Се одиграа 5 кола, според бергеровиот систем на натпревари, секој со секого и по сите одржани натпревари го добивме следниов редослед:
1 место Напредок, Белград – Србија
2 место Витоша, Софија – Бугарија
3 место Кавадарци – Македонија.
На првиот турнир во шоудан учествуваа 6 натпреварувачи, од кои тројца од Бугарија и тројца домашни натпреварувачки. Турнирот во шоудаун беше од ревијален карактер.
Градот Скопје дедека течае натпревараите обезбеди медицинска заштита со екипа од Црвениот крст на Град Скопје и финансиски го поддржа турнирот со 50.000 денари.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
