ПОТПИШАН Е МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СОВЕТОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ И ССК 09.4.2016

Вчера /31.03.2016 година, четврток/ во Град Скопје беше потпишан Меморандум за соработка кој претставува основа за стандардизирање и усогласување на понудата на бизнис операторите со корисниците, од Претседателот на Совет за заштита на потрошувачи на Град Скопје, Марјан Додовски и извршниот директор на ССК, Митко Алексов .

Претседателот на Совет на потрошувачи на Град Скопје, Марјан Додовски, го истакна значењето од потпишувањето на меморандум за соработка со трите комори, којашто активност е предвидена и со Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2016 -2017 година. Исто така, беше истакнато дека Советот на потрошувачи функционира како тело во рамки на Советот на Град Скопје, во кое членуваат претставници од редот на советници на Град Скопје, ДПИ, јавни претпријатија, здруженија, комори, ОПМ кои разгледуваат прашања што се однесуваат на правата и потребите на потрошувачите на територијата на град Скопје, како и се грижи за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги спрема корисниците на услуги, остварување на правата на потрошувачите во делот на користење на услуги и производи од правни субјекти и користење на услугите од претпријатијата и установите што вршат јавни услуги, организира јавни трибини, соработува со ОПМ и сл. Претседателот на потрошувачи истакна истакна дека соработката со коморите и потпишување на ваков меморандум за соработка е во делот на заштитата на потрошувачите при користење на туристичко-угостителските услуги, а во иднина таа соработка ќе биде проширена и во други области, зависно од проблемот кој ќе се наметне или пронајдат двете страни и во таа насока ќе се развива и секторски соработката со поддршка од бизнис заедницата. Претседателот истакна дека активностите на Советот на потрошувачи на Град Скопје стануваат се повеќе видливи и попрепознатливи.
           

Извршниот директор на ССК, Митко Алексов, ја истакна важноста на соработката и идните заеднички активности за зголемување на бизнис понудата до корисниците помеѓу Сојуз на стопански комори (ССК) и Советот за заштита на потрошувачите на град Скопје кои се цели на потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу двете организации.

 

Од страна на претставниците на ССК беше образложен начинот на функционирање на комората, кое е од големо значење за натамошното  проширување на заедничката соработка помеѓу ССК и Советот на потрошувачи и во други области. Беше истакнато дека постојат  два концепта на коморно функционирање, и тоа корпорациски концепт и плурален или англосаксонски концепт.

 

Во врска со првиот концепт државата одлучува со кого ќе соработува од бизнис членството,  но мора да биде член во комора. Таков концепт имаат Чесите, и таа е една комора и мора да бидат членови  ако сакаат да се здружат коморно.

Во случај на вториот концепт бизнисите може да бидат членови во комора, но и не мора а може и во друга комора да се членови. Таков е примерот со Америка, Унгарија, Словенија, Англија и други земји. Беше истакната важноста од соработката со Амбасадата на Кина и ССК, со што е овозможено да се постави бесплатен штанд на саеми во НР Кина, каде македонски фирми имаат можност да се претстават и промовираат, како и во делот на субвенционирање за кинески компаниа, во што е и суштината на постоење на комората. Имено, членувањето во комората не е задолжително, а со самото зачленување потребно е да се плати чланарина, додека комората нуди зачленување и услуга. Воедно Извршниот директор на ССК истакна дека постојат неколку начини на финансирање на комората, и тоа со чланарини, проекти, како и инвент, настани, обуки, една од нив е и обука за возачи во меѓународен транспорт. Од големо значење е и остварената соработка со Агенција за вработување во областа на дообука и обука кај познат работодавач, доделување на награди Југ и сл.

Исто така ,на настанот од страна на претставниците на ССК беше истакнато дека постојат 11 комори на цела територија на Р.Македонија, кои се секторски организирани, како и регионални комори, Македонско-Кинеска, Италијанска, Француска и др. регионални комори. Воедно, беше истакнато дека сите регионални телевизии добиваат се повеќе на гледаност, се остварува размена на информации, снимки.  Стопанските Комора имаат свои канцеларии  во телевизиите во Битола, Охрид, Дебар, Штип, Велес, Струмица, Куманово и во други градови, што е од големо значење регионалната застапеност на комората. Претседателот на Комората соработува со бизнис заедницата, и од големо значење е репрезентативноста, која мора да се покаже.

Извршниот директор на ССК истакна дека секоја комора е регистрирана како правно лице, како што се Агро бизнис Комора, Трговска Комора, Групација на импортери која функционира  во рамки на Трговска Комора.

Претседателот на Совет на потрошувачи Марјан Додовски на крајот истакна дека покрај потпишувањето на меморандум за соработка со Сојуз на Стопански Комори на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ќе се оствари потпишување ваков меморандум за соработка и со Стопанка Комора на Македонија.