ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ CREART 02.2.2019
Во рамките на проектот CreArt, отворени се два повика од партнерските градови во проектот. Град Скопје ги повикува уметниците кои живеат и работат во Скопје, да се пријават на повиците.
1. Отворен повик до 15.02.2019 за ,,Семинар за куратори" во Џенова, Италија, семинарот се одржува во периот од 21 до 23 март 2019 година,
Пријавувањето на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот со регистрација и пополнување на он-лине апликација на следниот линк: https://creart2-eu.org/…/creart-seminar-in-genoa-between-pu…
2. Отворен повик до 20.02.2019 ,,Уметник во престој" во Каунас, Литванија. Уметничкиот престој се онесува на период од 23 април до 23 мај 2019 година
Пријавувањето на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот со регистрација и пополнување на он-лине апликација на следниот линк: https://creart2-eu.org/…/creart-air-in-kaunas-lithuania-spr…
Град Скопје во 2017 година се вклучи како партнер во европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt - http://creart-eu.org) поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.
CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
