РЕАКЦИЈА 03.2.2019
Градот Скопје реагира на вчерашната прес конференција на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Бутел, на која беа изнесени празни и неосновани обвинувања кон градоначалникот Шилегов.
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков основ да реагира и глуми загриженост за било кој дел од град Скопје, а особено за општина Бутел. Ако се земе предвид, нивното долгогодишно владеење во општината и градот, најпрвин треба да се потсетиме дека во тој долг временски период, ако истите навистина беа загрижени, а не лицмемерни кон граѓаните од тие населби, многу одамна ќе изработеа барем канализација на територијата во Бутел, со што улиците сега немаше да бидат прекопувани. Ако истите тие не започнаа да работат булевар којшто завршуваше во нива, денес до Радишани ќе имаше булевар и проблемите на граѓаните што ги направија, ќе беа минато.
Но, проблемите во таа општина не се од вчера, ниту од пред една година, проблемите се појавија пред 10 години и никој до пред доаѓањето на градоначалникот Шилегев не се обиде ниту да ги реши, ниту пак да ги забележи. Кратката меморија на ВМРО ДПМНЕ не е кратка меморија и на граѓаните. Жителите на општина Бутел знаат дека дојде време кога тие се слушнати и кога нивните проблеми ќе бидат решени, па затоа и се трпеливи.
За првпат и како никогаш до сега, градот Скопје вложува и гради инфраструкттура во тој дел од градот. Во насока на реакцијата, важно е да се напомене дека е започната изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Словенија“ и улицата „Македонска косовска бригада“ до раскрсницата со улиците „Бутелска“ и „Кемал Сејфула“, а во моментов паралелно се гради и втората фаза од новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел.
Реткост е во Скопје и општина Бутел да се градат два нови булевари, два сосема нови сообраќајни коридори којшто со нивно завршување, тој дел од градот конечно ќе влезе во 21 век со нова и современа инфраструктура.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
