ГРАД СКОПЈЕ СО ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИСКА КОНТРОЛА ВО ГИНЕКОЛОГИЈА ЧАИР 04.2.2019
Инспекторите на Град Скопје денеска извршија вонреден инспекциски надзор во просториите на Специјалната болница по гинекологија и акушерство во Чаир, по пишувањата во медиумите дека котелот што се користи за загревање на просториите и на водата за потребите на болницата чади и прекумерно загадува. Инспекторите утврдија дека станува збор за дефект на дизните од котелот што е стар повеќе од 50 години. Според кажувањата на директорот на болницата дефектот е отстранет и оџакот повеќе не чади.
Инспекторатот на Град Скопје денеска ја задолжи болницата да направи мерења на емисиите на издувните гасови од оџакот со акредитирана лабораторија за мерење. По денешната инспекција, Инспекторатот ќе упати допис со барање за итна промена на овој котел и до Министерството за здравство и до Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Инспекторатот на Град Скопје досега двапати интервенираше во Специјалната болница по гинекологија и акушерство во Чаир, а денеска инспекторите повторно се упатија таму на вонреден инспекциски надзор, како последна опомена до болницата, но и до Министерството за здравство да си го променат котелот. Доколку надлежните не постапат на тој начин, болницата ќе биде затворена од страна на Градот. Не сакаме да предизвикаме криза, но, мора конечно секој да си ги заврши своите обврски. Тој котел загадува, веќе двапати е констатирано, а известување за тоа е дадено до директорот на болницата. Очекувам дека надлежните интервентно ќе реагираат по однос на овој проблем зашто во тој круг се раѓаат бебиња – рече денеска градоначалникот Шилегов.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
