ОД ЦЕНТАРОТ КОН ПЕРИФЕРИЈАТА: КУЛТУРАТА КАКО АЛАТКА ЗА СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ“ 05.2.2019
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани правни субјекти и тоа: установи од областа на културата, здруженија на граѓани и фондации, како и други правни лица што вршат дејности од оваа област во согласност со Законот за културата и другите позитивни законски прописи во Република Македонија да аплицираат на распишаниот јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градот Скопје. Овој повик е во рамки на проектот„ ОД ЦЕНТАРОТ КОН ПЕРИФЕРИЈАТА: КУЛТУРАТА КАКО АЛАТКА ЗА СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ“.
Со цел да се обезбеди деконцентрација на културата и истата да се дисперзира на територија на Градот Скопје, а притоа да се лоцираат неискористени јавни простори и јавна инфраструктура, чијашто реупотреба може позитивно да влијае и да го подобри социјалниот и културниот живот на жителите на градот Скопје, Град Скопје распиша јавен повик на кој ќе бидат доделени средства за реализација на проекти што ги остваруваат целите на јавниот повик.
Проектот ќе се реализира во текот на 2019 година (но, не подоцна од 1 декември) на отворени јавни простори и површини, како и во админстративни објекти што се во јавна надлежност: месни заедници, домови на културата и слично. Средствата за оваа намена се предвидени во Буџетот на Град Скопје за 2019 година.
Една од целите и приоритетите на проектот, е предложените проектни активности да вклучуваат интерактивност со локалното население со кое ќе се дефинираат културните потреби и активности, а се препорачува и вклучување на припадниците на социјалните ранливи групи и малцинства, припадници на етничките заедници, деца и ученици коишто живеат во околината, со вклучување на родова компонента и родово избалансирани активности.
Јавниот повик е објавен денеска (5 февруари 2019 година) и ќе трае до 05.03.2019 година, односно 30 дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
