ОДРЖАНА КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ЗА НАШИОТ КОЛЕГА ЗОРАН ДАВИДОСКИ 18.2.2019
Денеска, во салата на Советот на Град Скопје, се одржа комеморативна седница за нашиот почитуван колега, вреден соработник, драг пријател, Зоран Давидоски, раководител на Секторот за сообраќај, кој трагично го загуби својот живот во тешката сообраќајна несреќа, што се случи на 13.02.2019 година, на автопатот Скопје-Тетово.
На комеморативната седница, која започна со едноминутно молчење во знак на оддавање почит на Зоран Давидоски, присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, членовите на семејството, претставници на голем број институции, како и колеги, соработници и пријатели.
Градоначалникот Шилегов, кажа дека со голема тага се простуваме од Зоран Давидоски, чесен, скромен и неуморен човек, посветен на работните обврски, кој како таков ќе остане во делот на најдобрите спомени. Изразувајќи го своето сочуство до семејството на Давидоски, градоначалникот нагласи дека Град Скопје им стои на располагање во овие тешки мигови.
Од името на Советот на Град Скопје, пред присутните се обрати советничката Ирена Мишева, која кажа дека денеска тука се оддава почит на човек со ретка енергија, голем борец и професионалец во работењето, на еден постојано насмеан и ведар лик од Гостивар, кој никого, за неговото осумгодишно работење, не разочара.
Градоначалникот на Град Скопје, секретарот на Град Скопје, претседателката на Советот на Град Скопје и преостанатите присутни се потпишаа во Книгата на жалост.
Зоран Давидоски е роден на 22 август, 1981 година, беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни функции, а од 2014 година беше раководител на Секторот за сообраќај.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
