ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ ПРЕД СРЕДНОШКОЛЦИТЕ 18.2.2019

 

Од денеска средните училишта на Град Скопје ги отвораат вратите за универзитетите за презентација и промоција на нивните студиски програми пред средношколците. Преку проектот „Училиштата на Град Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми“, кој градот го почна минатата година, универзитетите ќе им овозможат на идните студенти поблиску да се запознаат со можностите за професионален развој.

На почетокот на отворените денови во СУГС „Орце Николов“ денеска присуствуваше градоначалникот Шилегов.

 


- Градот Скопје и годинава организира отворени денови за универзитетите да ги претстават своите студиски програми во средните училишта во нашиот град. Поучени од минатогодишните позитивни искуства, оваа година ја подобруваме програмата и овозможуваме во секое училиште во текот на два дена секој од универзитетите од Македонија да ја презентира својата студиска програма. Во првиот ден ќе презентираат техничките факултети, а во вториот ден факултетите од областа на општествените науки. Нашата цел е средношколците – идни студенти што подобро и навреме да се запознаат со студиските програми на универзитетите за да го направат вистинскиот избор за упис во претстојната студиска година. Градот Скопје посветува сериозно внимание на средношколците и сериозно инвестира во инфраструктурата во средните училишта. Ќе правиме се што е во нашите можности да ги подобриме условите во кои учат средношколците и навреме ќе ги информираме за да го направат вистинскиот избор за студирање – рече денеска градоначалникот Шилегов.

 


Во рамките на отворените денови учениците ќе имаат можност непосредно и подетално да добијат информации за студиите за кои се интересираат, да добијат одговори за сите нивни прашања и дилеми и да направат вистински избор при донесувањето на одлуките.

 


За организација на отворените денови и полесна комуникација меѓу средните училишта и универзитетите се задолжени стручни лица во Секторот за образование на Град Скопје.

 

 

РАСПОРЕД НА ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ  ВО УЧИЛИШТАТА

 

Училиште

Датум

1.Никола Карев

2. Орце Николов

18/19.02.2019 година

1. Георги Димитров

 

2. Здравко Цветковски

21/22.02.2019 година

1. Лазар Танев

2. Панче Караѓозов

25/26.02.2019 година

1. Марија Кири-Склодовска

2.Браќа Миладиновци

27/28.02.2019 година

1.Владо Тасевски

2.Димитар Влахов

01/04.03.2019 година

1.Раде Јовчевски-Корчагин

2.Јосип Броз-Тито

05/06.03.2019 година

 

1.Арсени Јовков

 

2.Цветан Димов

11/12.03.2019 година

1.Зеф Љуш Марку

 

2. Шаип Јусуф

13/14.03.2019 година

1.Васил Антевски-Дрен

2.Панче Арсовски

 

15/18.03.2019 година

1.Сарај

2.Кочо Рацин

 

19/20.03.2019 година

1.Боро Петрушевски

2.8 Септември

3.Михајло Пупин

20/21/22.03.2019 година