КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА СРЕДНОШКОЛСКА ФОТОГРАФИЈА 21.2.2019

Десеттото јубилејно издание на „Вечерите на женски права“, ќе се одржи во знак на овогодинешната тема за одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8ми Март: „Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!“.

Фокусот е на лидерките во индустријата, на start-up-и кои прават промена, социјални претприемнички, активистки и жени иноваторки, изнаоѓање начини преку кои ИНОВАЦИЈАТА може да ги премости пречките и да го забрза прогресот кон родовата еднаквост.

За таа цел објавуваме КОНКУРС за најдобра фотографија на наведената тема, на кој што ќе може да учествуваат учениците од средните училишта од Град Скопје.

На конкурсот ќе се доделат три парични награди за најдобрите фотографии, во износ од 8.000, 10.000 и 12.000 денари, а наградите ќе бидат доделени за време на проекцијата на кратки документарни филмови и дебатата со Ана Јовковска наменета за средношколци во Кинотеката на Македонија, на 13ти март, со почеток од 12 часот.

Фотографиите треба да се испратат до 5 март, на следната имејл адреса: info@womensrightsnights.net

Настанот е под покровителство на Град Скопје, поддржан од UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, во партнерство со Институтот за родови студии - Филозофски Факултет Скопје, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје и Шведската амбасада во Скопје.