ПОКАНА ЗА ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 22.2.2019

Советот на Град Скопје во четврток (28.02.2019 година) во 11 часот ќе ја одржи својата 29-та седница.

На седницата Советот ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на Записникот од дваесет и шестата седница на Советот на Град Скопје

 

1. Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на Град Скопје;

 

2. Предлог-Одлука за основање јавно претпријатие за хуман третман на животни скитници;

 

3. Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година за периодот од 01.01. до 31.12. 2018 година;

 

4. Извештај за извршениот попис на средствата и изворите на средствата на Град Скопје за 2018 година;

 

5. Предлог-Годишна сметка на Буџетот на Град Скопје за 2018 година;

 

6. Годишен -Извештај на Град Скопје за 2018 година;

 

7. Предлог-Буџетски календар за 2019 година;

 

8. Предлог-Одлука за уредување, ревитализација, одржување и заштита на Скопско Кале;

 

9. Предлог-Одлука за потребата од определување на заштитни зони на бунарското подрачје Нерези-Лепенец;

 

10. Предлог-Одлука за примање на донација на дронови и термална камера;

 

11. Предлог-Одлука за набавка на велосипеди и електрични тротинети;

 

12. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје;

 

13. Предлог-Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување велосипеди во 2019 година;

 

14. Предлог-Одлука за дефинирање на локација за поставување на урбана опрема за спортско-рекреативни активности (ZIP Line);

 

15. Предлог-Одлука за воспоставување  меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар за изработка проектна документација, реализација и одржување на јавни површини;

 

16. Предлог-Одлука за воспоставување  меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за изработка проектна документација, реализација и одржување на јавни површини;

 

17. Предлог-Одлука за воспоставување  меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Аеродром за изработка проектна документација, реализација и одржување на јавни површини;

 

18. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП „Улици и патишта“-Скопје, за 2019 година;

 

19. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за дополна на Инвестиционата програма на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, за 2019 година;

 

20. Предлог-Одлука за давање на согласност на Одлука за давање на донација на движен имот специјално возило пајак;

 

21. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП „Скопје“-Скопје за периодот јануари-декември со финансиски показатели за четвртиот квартал 2018 година;

 

22. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје, за 2019 година;

 

23. Предлог-Програма  за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година;

 

24. Извештај за спроведување на Програмата за управување со отпад на подрачјето на Град Скопје за 2018 година;

 

25. Извештај за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на град Скопје за периодот од 01.01.2018-31.12.2018 година;

 

26. Годишен извештај за работата на Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје за 2018 година;

 

27. Информација за резултатите од изготвената експертиза за определување на границите на бунарското подрачје Нерези-Лепенец и

 

28. Информација за реализација на субвенционирање на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување печки на пелети и за чистење на оџаци во 2018 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.