ИЗВЕСТУВАЊЕ 23.2.2019
Град Скопје ги известува граѓаните дека утре (24.02.2019 година, недела) на повеќе локации ќе се извршува градежни зафати поради што сообраќајот ќе се одвива согласно променет привремен сообраќаен режим.
На булеварот „Борис Трајковски“, кај влезот на поранешната фабрика Стаклара, како и на регионалниот пат „Јадранска магистрала“, кај натпатникот кон Визбегово, екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе поставуваат портални семафори за знаци со променлива содржина.
Градежните работи ќе се изведуваат во временски период од 7:30 до 12:30 часот, а сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
