ШИЛЕГОВ: ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ Е ИСПОЛНУВАЊЕ НА ВЕТЕНОТО 25.2.2019
Зелениот покрив на ГТЦ е исполнување на ветеното на Скопје и граѓаните, а со него се добива една нова, урбана и зелена површина за граѓаните. Ова е дел од одговорот на градоначалникот Шилегов на советничкото прашање поставено на денешната седница, поврзано со реакциите околу идејниот проект за изведба на зелен покрив на дел од ГТЦ.
- Градот Скопје заедно со УНДП, пред повеќе од 8 месеци потпиша меморандум за соработка од областа на спроведувањето на Стратегијата за климатски промени - Отпорно Скопје, поврзана со мапирање на геотермални точки. Спроведените истражувања покажаа дека покривот на ГТЦ е за 10 степени потопол од пре останатиот простор околу плоштадот Македонија и оттука произлезе идејата дел од овој покрив да биде зазеленет – кажа Шилегов.
Во однос на реакциите околу идејното решение и изгледот на зелениот покрив на ГТЦ, градоначалникот потенцираше дека истото е донација од АД „Градски трговски центар“, кој е посебен правен субјект во државна сопственост и со кој Град Скопје нема допирна точка во структурите на управување на ова претпријатие.
- Идејниот проект за изгледот ни беше доставен од ГТЦ, како трета страна во проектот. Град Скопје учествува во овој проект преку финансирање на истиот и обезбедување на средствата, а УНДП ја спроведе постапката. Имајќи предвид дека имаше извесни реакции во јавноста, веќе стапивме во контакт со архитектите и фелата и во рамките на законските можности и правилата определени од УНДП, преку „Скопје урбан центар“ каде што се членки Здружението на архитекти и Архитектонскиот факултет ќе бидат извршени определи корекции на проектот – додаде Шилегов.
Тој спомена дека целокупниот идеен и изведбен проект за зелениот покрив на Градскиот трговски центар, согласно со кој Градот Скопје ќе инвестира во проектот, е донација од претпријатието.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
