100.000 ДЕНАРИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА КАЈ СЕЛО ЛАСКАРЦИ 25.2.2019
Советот на Град Скопје денеска со едноминутно молчење во знак на оддавање почит на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци ја започна 27-та седница, на која едногласно ја усвои Одлуката за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите и на повредените патници.
Со оваа одлука, Градот Скопје како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, на секое семејство кое изгуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.
Во големата сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари животот трагично го загубија 15 лица.
По носењето на оваа одлука, Советот на Град Скопје ја одржа 28-та седница на која се работеше со единствена точна на дневен ред - Поставување советнички прашања.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
