CREART – OТВОРЕН ПОВИК ЗА УМЕТНИЧКИ ПРЕСТОЈ ВО СКОПЈЕ 04.3.2019

Град Скопје  ги известува уметниците кои живеат и работат  во Скопје дека во соработка со ЈУ  „Културно Информативен Центар (КИЦ)“  е распишан отворен повик за уметнички престој  во Скопје, во периодот од 20 мај до 20 јуни 2019 година, како дел од активностите на европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt - http://creart-eu.org) поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.

Повикот се однесува за  уметнички престој и работа во Скопје  за двајца уметници:  еден уметник кој живее и работи во  Скопје и еден уметник кој доаѓа од 11-те градови-учесници во проектот CreArt.

Уметниците треба да работат во просториите на „Културно Информативен Центар“ во периодот од 20 мај до 20 јуни, а на крајот од престојот ќе се организира изложба  со новосоздадените дела.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

• Организаторот (Културно информативен центар)  ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето  за уметникот кој доаѓа мрежата на градови Creart,  трошоци за престој до 400 евра, а  ќе бидат обезбедени материјали за  работа   во износ не поголем од 500 евра;

• За уметникот кој доаѓа од Скопје организаторот (Културно информативен центар) ќе ги покрие локалните патни трошоци, дневни трошоците до 100 евра и ќе бидат обезбедени потребни материјали за работа  во износ не поголем од 500 евра;

•  Секој уметник ќе добие 250 евра како авторски надомест за  изложбата;

•  Избраните  уметници ќе ги користат просторните и техничките капацитети на  „Културно информативен центар“;

• На крајот на престојот ќе се организира изложба на двајца уметници со уметничките дела направени за време на работниот престој во “Културно информативен центар“.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

Апликантите мора да обезбедат во еден документ PDF:

• Лична карта  или пасош (скенирана копија);

• Кратка биографија и целосно  портфолио со уметнички дела;

• Краток предлог-проект (една страна од А4)В

• Графичка документација поврзана со престојот

 

Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници  е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на  он-лине апликација на следниот линк.

Рокот за пријавување е до 20 април 2019 година.

 

CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми.