ПОКАНА ЗА 31-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 21.3.2019

На 27 март 2019 година (среда), со почеток во 12 часот Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 31-ва седница.

 На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записниците од дваесет и седмата, дваесет и осмата и дваесет и деветтата седница на Советот на Град Скопје

1. Предлог -  Статутарна Одлука за изменување на Статутот на Градот Скопје
2. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за финансиско учество за изградба на осветлување на пасажи на булевар Крсте Мисирков;
3. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за изработка на проект за реновирање на салата “Партизан“;
4. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за комунален ред во градот Скопје
5. Предлог-Одлука за примање на донација на ИКТ опрема и софтвер
6. Предлог-Одлука за давање на дозвола за вршење дејност паркирање на “Скопски Пазар АД Скопје“.
7. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП Водовод и канализација-Скопје, за 2018 година;
8. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загубата на ЈП Водовод и канализација –Скопје, по Годишната сметка за 2018 година;
9. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈСП СКОПЈЕ-Скопје, за 2018 година;
10. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распределување на добивката за деловната година по Годишната сметка на ЈСП СКОПЈЕ-Скопје, за 2018 година;
11. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП Паркови и зеленило-Скопје, за 2018 година;
12. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загубата на ЈП Паркови и зеленило-Скопје, за 2018 година;
13. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП Комунална хигиена –Скопје, за 2018 година;
14.  Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката по оданочување на ЈП Комунална хигиена – Скопје, за 2018 година

15. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишна сметка на ЈП Градски паркинг-Скопје,за 2018 година; 
16.  Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распределба на добивката на ЈП Градски паркинг-Скопје, за 2018 година;
17.  Предлог-Одлука за давање согласност на Годишна сметка на ЈП Улици и патишта-Скопје, за 2018 година;
18. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката остварена  по Годишната сметка  на ЈП Улици и патишта, Скопје, за 2018 година;
19. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за дополнителни активности во делот на одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки и отворените канали на подрачјето на град Скопје за периодот од 01.04. до 31.12. 2019 година на ЈП Улици и патишта - Скопје;
20. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП Комунална хигиена - Скопје за период I-XII / 2018 година; 

21. Предлог-одлуки за изменување и дополнување на статутите на јавните установи, и тоа:

а).Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин“ Скопје, Република Македонија;

б).Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ Културно информативен центар -Скопје, Република Македонија;

в).Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје - Скопје, Република Македонија;

г).Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци” - Скопје, Република Македонија;

д). Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ Детски културен центар “Карпош“,Скопје;

ѓ). Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ Музеј на град Скопје-Скопје,Република Македонија;

е). Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ Младински културен центар – Скопје, Република Македонија и

22.Извештај за реализација на активности од Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2018 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.