ДЕЦАТА ОД ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЈА ПОСЕТИЈА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА 23.3.2019
Градоначалникот Шилегов и директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски вчера им беа домаќини на децата корисници на услугите во Дневниот центар „Деца на улица“, кои ја посетија скопската зоолошка.
Град Скопје обезбеди бесплатни билети за Дневниот центар по барање на вработените, децата од Центарот да добијат можност повеќе да научат и да се запознаат со навиките и чувањето на животните што се дел од ЗОО.
За дечињата од Дневниот центар вработените во Зоолошката организираа едукативна тура за која беше ангажиран Војо Иванов, познатиот раскажувач од ЗОО, кој на децата им ги објасни правилата на однесување во ЗОО, тој зборуваше и за видот на животните на еден поинаков и интересен начин за децата, коишто не испуштија своето задоволство да го искажат преку многубројни прашања до раскажувачот Војо.
Градот Скопје ќе продолжи и во иднина да се грижи за ранливите категории на деца од институциите кои ги помага.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
