ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ЧЕТИРИ ДЕЛНИЦИ ВО СКОПЈЕ 29.3.2019
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во недела (31.03.2019 година) екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе поставуваат сообраќајни знаци со променлива содржина (VMS) на булеварот Борис Трајковски, кај влезот во поранешната фабрика „Стакларница“, на Јадранска магистрала кај натпатникот за Визбегово и на новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, а ќе се обележува и хоризонталната сообраќајна сигнализација на крстосницата на улицата Козле со улицата Брадфорска.
Поради тоа, на четирите локации ќе се воведе привремен сообраќаен режим со кратки прекини на сообраќајот. Работите ќе се изведуваат во временскиот период од 7:30 до 15 часот.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на посочените делници и да ја приспособат брзината на движење со условите на патот.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
