АКТИВНОСТИТЕ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ ВО ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ „КРЕАРТ“ 03.4.2019

 

Град Скопје како партнер во проект„Креарт“, со гордост може да објави дека квалитетот во творењето на нашите уметници/куратори ќе биде видлив надвор од границите на нашата држава.

За куратор на ,,Европската изложба", на тема ,,Tретиот простор" која ќе се одржи во три европски града започнувајќи на 22 мај од Загреб-Хрватска, Клермонт-Феранд-Франција и Лече-Италија е избрана Јованка Попова од Скопје, која имаше обврска да ги избере уметниците кои ќе изложуваат и да ја постави изложбата во сите градови.

Уметници од Скопје, селектирани на Отворен повик,  кои ќе се претстават во овие три града се Ѓорѓе Јовановиќ и Оливер Мусовиќ,

Уметник во престој (Artist in residence) кој ќе престојува, твори  еден месец во Каунас Литванија е избран Верим Зендели од Скопје, кој по завршувањето на уметничките дела ќе има заедничка изложба со преостанатите уметници од другите европски градови.

За уметник во престој (Artist in residence) кој ќе престојува еден месец  во Линц Австрија и кој по завршувањето со своите уметнички дела ќе има изложба е избрана Ивона Тричковска од Скопје.

Уметниците ќе имаат можност да изложуваат и да уживаат во уметничките дела, да разменат искуства, да го максимизираат културниот придонес на визуелната уметност.

Град Скопје им ја даде својата поддршка на сите уметници и ги повикува и охрабрува сите заинтересирани уметници да ги следат отворените повици на веб-страницата https://creart2-eu.org/open-calls, и да аплицираат  со  порака дека  секогаш ќе ја имаат поддршката од наша страна.