
ПРЕДЛОГ-СТРАТЕГИЈА ЗА СОРАБОТКА СО ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ 2019-2021 09.4.2019
Работна група од Град Скопје во соработка со СЕГ Холдинг, ја подготвуваат третата Стратегија за соработка со граѓански здруженија и фондации со временска рамка 2019-2021 година.
Во процесот на подготовката на предлог- верзијата на новата Стратегија, работната група направи анализа на досегашната работа на Градот Скопје со граѓанските здруженија, спроведе неколку анкети и прашалници, направи ревизија на претходната стратегија и одржа заедничка средба со граѓанските организации кои покажаа интерес за партиципативност, како и работни средби со градската администрација.
Со цел постигнување поголема транспарентност и вклученост на јавноста во процесот на донесување на одлуки, Градот Скопје ја објави предлог- стратегијата за соработка со граѓански здруженија и фондации 2019-2021 на интернет страницата на Град Скопје и ги поканува граѓаните и сите засегнати страни во наредните 7 дена да ги достават своите забелешки, предлози, критики и коментари на следните e-mail адреси:
contact@seg-holding.com
Saso.Mitrov@skopje.gov.mk
Линк до предлог стратегија за соработка со граѓански здруженија и фондации 2019-2021:
Предлог-верзијата ќе биде достапна за коментари 7 дена, по што е планирана завршна средба со граѓанските организации и дел од градската администрација, на која, исто така, присутните ќе можат да дадат свои гледишта за стратешките определби на Градот Скопје во оваа сфера, по што ќе се пристапи кон обликување на завршниот документ, кој треба да биде разгледан и усвоен од Советот на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
- 18.08.2025 - Тeрестрично прскање против комарци во Скопје
- 18.08.2025 - Соопштение за јавност
- 17.08.2025 - Соопштение за јавност
- 15.08.2025 - Соопштение за јавност
- 13.08.2025 - Соопштение за јавност
- 12.08.2025 - Соопштение за јавност
- 08.08.2025 - Соопштение за јавност
- 07.08.2025 - Соопштение за јавност