ИСКОРИСТЕТЕ ГИ СУБВЕНЦИИТЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕД 10.4.2019
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека може да ги искористат субвенциите за купување велосипед и да надоместат дел од трошоците направени при набавката на велосипедот. На јавниот повик што Градот Скопје го распиша на 11.03.2019 година досега се пријавиле околу 1.600 граѓани, што е речиси половина од бројот на планираните субвенции. Оваа поволност граѓаните на Скопје ќе можат да ја искористат заклучно со 30.06.2019 година.
Имено, на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик (11.03.2019 година), а заклучно со 30.06.2019 година, Градот Скопје ќе им надомести дел од трошоците направени при купување велосипед. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Барателот треба да ги исполни следниве услови - да е жител на Град Скопје (во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари); подносителот на барањето досега да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од Град Скопје и велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик.
Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање субвенција за купување еден велосипед.
Целта на повикот на Град Скопје е да ги стимулира граѓаните да користат велосипед во секојдневното движење, како превозно средство кое е финансиски достапно, економски исплатливо и еколошко, зашто придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, како и за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух.
Целиот јавен повик граѓаните можат да го видат на следната Интернет врска.
Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат во Архивата на Град Скопје, булевар Илинден број 82, секој работен ден од 9 до 15 часот.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
