СЕ ОДРЖУВА 32-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 17.4.2019
Советот на Град Скопје на денешната седница ќе разгледува и ќе расправа за поголем број предлог-одлуки и програми за работата на Градот Скопје.
На денешната седница Советот ќе расправа по Предлог- одлуки за донесување Регулациски планови на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт: С 12, СИ 07 и СИ 12. Регулацискиот план на Генералниот урбанистички план може да се донесе за плански опфат за кој е донесен ГУП во кој се утврдени границите на четвртта да претставуваат граници на детално планирање. Регулацискиот план за четврт С 12 се наоѓа во општина Бутел, a Регулациските планови за четврт СИ 07 и СИ 12 се наоѓаат во општина Гази Баба.
Дополнително, на денешната седница советниците ќе расправаат и за Предлог- одлуката за давање согласност на Годишниот извештај за работата на ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје за 2018 година.
Советниците на Град Скопје на денешната седница, исто така, ќе расправаат и по Предлог-одлука за давање согласност за Статутарна измена и дополнување на Статутот на ЈП „Градски паркинг“, а ќе расправаат и за Извештаите за работењето на јавните установи на Град Скопје за 2018 година.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
