СЛИКАРСКО ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТИЛНИЦА ,,REBREATHSK" ВО БОТАНИЧКА ГРАДИНА 22.4.2019
Градот Скопје како партнер во мрежата на Европските градови на уметничко творештво, давајќи им поддршка на младите уметници ја продолжува реализацијата на активностите на проектот ,,CreArt “.
Музеј на Град Скопје реализираше сликарско истражувачка работилница ,,ReBreathSk" во Ботаничка градина при ПМФ, во која активно беа вклучени учениците на ДСУЛД Лазар Личеноски со своите ментори и професори од ПМФ кои ги запознаа учениците со вреднувањето на билните ресурси како природни пречистувачи на градската средина, коишто ги поседува нашата природа во вид на „реликтни дендро“ примероци и ендемски растенија.
Обидот за решавање на дел од проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје е и преку неопходната едукација на младите за „говорот на уметноста и науката “ како моќна алатка за акцентирање на состојбите со кои се соочуваме во секојдневното живеење и изнаоѓање креативни начини како да го менуваме начинот на сопственото однесување со кое ќе влијаеме врз однесувањето на другите околу нас.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ



