
ЧАЛАЧЕ АСМАМА ТИРУНЕ ОД ЕТИОПИЈА ПОБЕДНИК НА 15-ОТ ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН 04.5.2019
![]() |
![]() |
Денеска на скопските улици неколку илјади маратонци трчаа на 15-то издание на најмасовната спортска манифестација Виз Ер Скопски маратон 2019.
![]() |
![]() |
Победник на Виз Ер Скопскиот маратон 2019 е Чалаче Асмама Тируне (Chalachew Asmamaw Tiruneh) од Етиопија кој прв пристигна на целта и 42 километарската траса ја истрча со време од 2:15.37 часа, оставајќи ги зад себе Вилфред Кипчирчир Корир од Кенија (Wilfred Kipchirchir Korir) и третиот Гетаје Фисеха Гело од Етиопија (Getaye Fisseha Gelaw).
![]() |
![]() |
Во женска конкуренција доминација на натпреварувачките од Кенија, каде победи Енис Ниара Мичири (Eunice Nyawira Muchiri) која заврши со време од 2 часа, 33 минута и 27 секунди, што претставува најдобар резултат постигнат во женска конкуренција. Второто место го освои Еулитер Тануи (Euliter Jepchirchir Tanui), додека третото Наоми Какоко Ламамуреи (Naomi Kakoko Limamurei).
![]() |
![]() |
Во полумаратонот, прв ја помина целта домашниот тркач Дарио Ивановски, кој патеката долга 21 километар ја истрча за време од 01:12.31 часа, пред Кристијан Стошиќ (Србија), додека третото место го освои домашниот тркач Милош Ранчиќ. Кај дамите првите три места ги освоија Зита Качер (Унгарија) со резултат од 1:28.55 часа, а зад неа завршија домашната атлетичарка Миљана Ристиќ и Емилија Тодоровска Елијас (Шведска).
![]() |
![]() |
На трката на 5км, којашто беше најмасовна, кај жените најуспешни беа Марија Стојановска, втора беше Ања Еклер, а третото место го освои Ирма Хајдари, додека кај машките натпреварувачи најуспешни беа Леонид Вандевски, пред Павле Јовановски и Пепи Aнакиев.
![]() |
![]() |
Организатори на годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон 2019 се: Град Скопје и Сојуз на спортови на Скопје, Агенцијата за млади и спорт, како и Атлетската федерација на Република Македонија, Европската Унија во Македонија и атлетските клубови. Оваа година на маратонот што се трчаше низ улиците на Скопје имаше рекордна пријавеност од над 12.500 пријавени од 58 земји од светот.
![]() |
![]() |
Град Скопје од Буџетот и годинава за оваа намена издвои 1.500.000 денари, и ги стави на располагање и сите јавни претпријатија под негова ингеренција, кои беспрекорно си ја вршеа својата работа за маратонот да се одржи во најдобар ред. Во маратонот учество зедоа 60-тина вработени од администрацијата на Град Скопје.
![]() |
![]() |
Наградниот фонд на Виз Ер Скопски маратон 2019 изнесува 18.000 евра, додека највисоката поединечна награда може да достигне 5.000 евра.
- ВЕСТИ
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
- 18.08.2025 - Тeрестрично прскање против комарци во Скопје
- 18.08.2025 - Соопштение за јавност
- 17.08.2025 - Соопштение за јавност
- 15.08.2025 - Соопштение за јавност
- 13.08.2025 - Соопштение за јавност
- 12.08.2025 - Соопштение за јавност
- 08.08.2025 - Соопштение за јавност
- 07.08.2025 - Соопштение за јавност
- 06.08.2025 - Соопштение за јавност