09.5.2019
Градоначалникот Шилегов денеска оствари средба со кошаркарските легенди од поранешна СФРЈ кои престојуваат во Скопје по повод одбележувањето на 80. роденден на кошаркарскиот тренер Лазар Лечиќ. За неговиот исклучителен придонес во креирањето и подемот на македонската модерна кошарка, Шилегов му додели благодарница на Лечиќ - незаменливиот мотиватор на многу кошаркарски генерации.
- Првиот кошаркарски натпревар што го имам одгледано е уште кога „Цибона“ беше „Локомотива“. Вие сте моите идоли, низ години дарувавте радост на многу генерации, а нема поубаво чувство како кога некому ќе подарите среќа. Ви благодарам за честа што му ја укажавте на Скопје и на нашиот Лазар Лечиќ, со вашето присуство. Лазо е спортска легенда, тој е човекот кој ја донесе кошарката во Скопје и создаде генерации врвни кошаркари. Му пожелувам среќен роденден и уште многу убави мигови поминати во вакво пријатно друштво – рече Шилегов.
Лечиќ од Град Скопје доби и плочка со гравура од Камениот мост и се заблагодари за укажаната почит.
На денешната средба што се одржа во просториите на Град Скопје „златните момчиња на југословенската кошарка“ споделија анегдоти за нивните настапи на домашните и меѓународните натпреварувања, зборуваа за значењето на освоените медали и за иднината на овој ултра популарен спорт.
Во чест на великанот Лазар Лечиќ и неговиот 80. роденден денеска ќе се одржи и Академија во организација на Македонскиот олимписки комитет, Македонската кошаркарска федерација, Агенцијата за млади и спорт, КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром. Целта на организаторите е да му оддадат признание на овој спортски великан за се што направил за македонската и за југословенската кошарка.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
