АВТО ПЛУС СТРИТ ШОУ – ИЗЛОЖБА НА АВТОМОБИЛИ ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ 11.5.2019
Вљубениците во автомобилите денеска имаат можност да погледнат стотина модели автомобили од петнаесетина брендови на изложбата Авто Плус Стрит Шоу, што се одржува на булеварот Илинден, на потегот од Зоолошка градина до Детскиот културен центар „Карпош“. Изложбата ја отвори градоначалникот Шилегов.
- По 13 години без саемска манифестација во автоиндустријата, во Скопје конечно се одржува изложба на автомобили. Главната цел е да се приближат еколошките и технолошките достигнувања до граѓаните, како и да се презентираат нови дизајни и карактеристики, сево ова во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот. Авто Плус Стрит Шоу денеска ќе претстави над 100 модели автомобили, а на мое огромно задоволство ќе видиме и целосно електрични и хибридни модели – рече денеска градоначалникот Шилегов.
Тој додаде дека Град Скопје работи на стимулирање на граѓаните да купуваат електрични автомобили преку обезбедување просторни услови за полнење.
- Дополнително обезбедивме бесплатно паркирање на местата означени за полнење електрични автомобили, додека се полнат. Поставени се 8 полначи на територијата на Скопје и уште 7 полначи се во постапка на поставување. Полнењето на автомобилите на овие полначи e бесплатно. На пазарот во Скопје се почесто среќаваме продажба на електрични велосипеди, скутери и тротинети. Возниот парк на Град Скопје освен електричен автомобил, вбројува и електрични скутери и велосипеди кои градската администрација редовно ги користи – нагласи Шилегов.
Освен автомобили, посетителите на изложбата денеска имаат можност да погледнат и да се запознаат со новите производи од придружната индустрија - гуми, акумулатори и автогалантерија.
Авто Плус Стрит Шоу е во организација на најстарата и водечка месечна автомобилска ревија во македонскиот медиумски простор - Авто Плус.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
