ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА КОНКУРСОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ВО ЗАШТИТАТА НА СРЕДИНАТА 11.5.2019
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека може да се пријавуваат на јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда или институција, најубав состав на тема екологија и најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта. Овој конкурс е во тек и ќе трае до 15 мај 2019 година.
Според јавниот конкурс, Градот Скопје ќе избира:
1.Најеколошка компанија (фирма со успешна примена на стандарди и придонес во зачувувањето на животната средина).
2.Најголем придонес во областа на животната средина (правни и/или физички лица кои со својата активност и залагање направиле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје, во смисла на заштита на медиумите и областите на животната средина, намалување на користењето необновливи видови енергија и сл.).
3.Најубаво уреден двор (двор на објект за индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект).
4.Најубав состав на тема екологија (за ученици од основните и од средните училишта).
5.Најубав цртеж на тема екологија (за ученици од основните и од средните училишта).
Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица се доставуваат по пошта на адресата Град Скопје - Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар Илинден, број 82 или во архивата на Градот, како и на телефонскиот број 02/3297-273.
За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари. За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.
Градот Скопје го распиша овој повик во рамките на традиционалната акција „Денови на пролетта - Денови на екологијата“ со цел промоција и популаризирање на грижата за животната средина и за природата.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
