СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НИРНБЕРГ, УЛРИХ МАЛИ 13.5.2019
Градоначалникот Шилегов денеска /13.05.2019 година, понеделник/ оствари средба со делегација од збратимениот град Нирнберг (СР Германија), предводена од градоначалникот Улрих Мали (Ulrich Maly).
На средбата градоначалниците дискутираа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града и истата ја оценија како одлична, каде што се реализирани голем број проекти и активности во областа на културата, младинската и спортската размена, противпожарната заштита и животната средина.
Ова е повратна средба на градоначалникот Мали, откако минатата година градоначалникот Шилегов беше во дводневна работна посета на Нирнберг каде што Градот Скопје учествуваше на 14-от Безграничен фестивал на збратимени градови.
Минатата година делегација од Градот Нирнберг беше во посета на Град Скопје и донираше плоча и дрво од видот Гинко, кое беше симболично засадено на локацијата од која беше отстранет диво поставениот споменик на Андон Лазов – Ќосето.
Делегацијата од Нирнберг денеска присуствуваа и на официјалното доделување на донација на градинката „8 Април“ во Општина Шуто Оризари, а подоцна делегацијата треба да ја посети и канцеларијата на „Урбана лабораторија на Скопје“ (Skopje Urban Living Lab) во Старата скопска чаршија, која е отворена во рамките на европскиот проект „РОК“ – Регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (ROCK).
Соработката меѓу Скопје и Нирнберг датира од 1963 година, кога овој град се вклучи во помошта за Скопје по катастрофалниот земјотрес, додека официјалното потпишување на договорот за збратимување на Скопје и Нирнберг се случи во 1982 година.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
