ПОКАНА ЗА ТРИЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 15.5.2019

Советот на Град Скопје на 21 мај 2019 година (вторник), со почеток во 12,00 часот ќе ја одржи својата триесет и третата седница.

 

На оваа седница Советот на Град Скопје ќе работи по следниот дневен ред:

 

- Усвојување на записникот од триесет и втората седница на Советот на Град Скопје

1. Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, за периодот од 01.01. до 31.03.2019 година;

2. Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на дел  од ул. 11 Октомври (потег од ЈЗУ-Универзитетска клиника по Хируршки болести “Св. Наум Охридски“ до Порта Македонија) и ул. Димитрије Чуповски (потег од Порта Македонија до ТЦ Палома Бјанка);

3. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за целосна реконструкција на Сервисната улица бр.6 Сарај;

4. Предлог-Одлука за определување локации за поставување на урбана опрема- станици за полнење на електромобили;

5. Предлог-Одлука за примање донација на полначи за мобилни телефони;

6. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт ССИ 07;

7. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт ЈИ 02;

8. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт СИ 02;

9. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје – Скопје за 2019 година; 

10. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на ЈП Паркови и зеленило-Скопје;

11. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот  на ЈП Комунална хигиена-Скопје;

12. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за продажба на основни средства-моторни возила и отпаден материјал по пат на јавно усно наддавање;

 

13.Предлог-одлуки за давање согласност на извештаите за работењето на јавните претпријатија чиј основач е Градот Скопје, за 2018 година, и тоа:

 

а). Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за работа на ЈП Водовод и канализација-Скопје, за 2018 година;

б). Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за работа на ЈСП Скопје - Скопје, за 2018 година;

в). Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за работа на ЈП Улици и  патишта - Скопје, за 2018 година;

г). Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за работа на ЈП Градски паркинг - Скопје, за 2018 година;

 

14. Предлог-одлуки за давање согласност на тримесечните извештаи на јавните претпријатија чиј основач е Градот Скопје, за период од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година, и тоа:

 

а). Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работата на ЈСП Скопје-Скопје за период од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година;

б). Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работата на ЈП Паркови и зеленило-Скопје за период од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година;

в). Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работата на ЈП Улици и  патишта -Скопје за период од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година;

г). Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работата на ЈП Комунална хигиена -Скопје за период од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година; 

д). Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работата на ЈП Градски паркинг -Скопје за период од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година;

 

15. Предлог-одлуки за изменување и дополнување на статутите на јавните установи, и тоа:

 

а). Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавна установа Градска библиотека “Браќа Миладиновци“ Скопје, Република Северна  Македонија;

б). Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавна установа Музеј на град Скопје-Скопје, Република Северна  Македонија;

в). Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавна установа Детски културен центар ”Карпош”-Скопје, Република Северна  Македонија;

г). Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавна установа Зоолошка градина на Град Скопје – Скопје, Република Северна  Македонија;

д). Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавна установа Младински културен центар-Скопје, Република Северна  Македонија;

ѓ) Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавна установа Културно информативен центар-Скопје, Република Северна  Македонија;

e) Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавна установа Универзална сала-Скопје, Република Северна Македонија;

 

16. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и допополнување на Годишниот план за вработување на ЈП Градски паркинг-Скопје, за 2019 година;

17. Предлог-Одлука за давање согласност на Измените на Годишен план за вработување за 2019 година на ЈУ Градска библиотека Браќа Миладиновци;

18. Предлог-Одлука за давање согласност на Измените на Годишен план за вработување за 2019 година на ЈУ Музеј на Град Скопје;

19. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлука за измена и дополнување на Ценовникот за оддржување и изградба на магистрални и собирни улици, оддржување на хоризонтална, вертикална и светлосна сигнализација, услуга од возила, градежна механизација и работна рака, оддржување на магистрални и собирни улици во зимски услови на подрачјето на град Скопје и оддржување на коритото на реката Вардар и каналите на територија на град Скопје;

20. Предлог-Одлука за давање согласност на Ценовник за дополнување на Ценовник за саден материјал кој ЈП Паркови и зеленило-Скопје го набавува од Флораком ДООЕЛ Скопје број 03-1530 од 16,08.2017 година;

21. Предлог-Одлука за давање на согласност на Одлука за цена на услуги во ЈУ Зоолошка градина на град Скопје;

22. Одлука за давање согласност на Програмата за изменување на Програмата за дополнителни активности на ЈП Паркови и зеленило, Скопје во делот на одржување на јавни зелени површини на подрачјето на Град Скопје; 

23. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови на Град Скопје во 2019 година;

24. Предлог-Стратегија за соработка на Град Скопје со граѓанските организации, со Акциски план 2019 – 2021 година;

25. Предлог-Одлука за  именување претседател и членови на Управниот одбор на ЈП Лајка- Скопје и

26. Предлог-Одлука за именување претседател и  членови на Одборот за контрола на мaтеријално- финансиското работење на ЈП Лајка-Скопје.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.