ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ „ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА!“ 12.7.2017
Вчеравечер, 22 јуни (четврток), во Градскиот парк се одржа традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“ во организација на Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар.
Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“, ни ги донесе вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар, односно Македонска филхармонија пред многубројната публика изведе дел од хитовите на една од највлијателните музички групи на сите времиња - „Пинк Флојд“.
Македонската филхармонија и годинава музицираше под диригентство на маестро Емин Џијан, како солист (вокал и гитара) настапи Ади Имери, а бендот беше составен од: Александар Поп Христов, гитара, Иван Бејков, електричен бас, Александар Пујовски, гитара, Мартин Вучиќ, тапани, Благоја Перуновски, клавијатури, Маријана Николовска, пијано и Владимир Поп Христов, Сара Николовска и Ана Костадиновска, беа придружни вокали.
Публиката додека траеше концертот уживаше во творењето на огромните платна, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
