ГРАД СКОПЈЕ И ЈСП НАБАВУВААТ НОВИ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ НА ГАС 05.7.2018
Од идната година по скопските улици ќе се возат најмалку 30 нови автобуси на еколошко гориво и ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема.
Деталите за набавката на новите автобуси ги соопштија градоначалникот Шилегов и директорот на ЈСП, Кристијан Чушков.
- ЈСП Скопје со цел набавка на нови еко-автобуси, донесе одлука за задолжување кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра, со каматна стапка од 1%, 3 години грејс период и 7 години отплата, без вклучен грејс период. Кон обезбедување на задолжувањето потребно е да се добие државна гаранција. Бидејќи е утврден начинот на финансирање за планираните нови автобуси, динамиката на целиот проект предвидува на есен да се распише тендерот, а до крајот на годинава да се потпише договорот со фирмата што ќе ги испорача автобусите. Автобусите ќе бидат нископодни, и планираме две третини од нив ќе бидат зглобни, а една третина единечни – кажа Шилегов.
Целта на оваа набавка е Скопје да добие модерен јавен транспорт, кој е економски ефикасен и не го загадува воздухот.
- До сега низ Скопје пробно сообраќаа неколку еко автобуси од различни производители. Имавме три автобуси на гас и еден електричен автобус. Целта беше да стекнеме искуства и најдобро да оцениме кој тип на автобус е најсоодветен за сообраќајот во Скопје. Автобусите на гас се енергетско ефикасни. Споредено со потрошувачката на старите дизел- автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП. Најголемата предност е тоа што емитуваат значително помалку ЦО2 што речиси воопшто не го загадуваат воздухот – додаде Шилегов.
Градоначалникот Шилегов додаде дека набавката на овие автобуси значително ќе го подобри функционирањето на ЈСП-Скопје и ќе ги намали трошоците на неговото работење, бидејќи 202 автобуси, што беа набавени пред 7 години се со лош квалитет, истите често се расипани, а во случајот со кинеските автобуси, поради непостоење на овластен застапник не постои можност за нивна сервисна и техничка поддршка.
Шилегов додаде дека во трансформацијата на јавниот превоз ќе бидат вклучени и приватните превозници, предвидени се субвенции за набавка на нови еколошки автобуси, како и за адаптација на истите на еколошки гас.
Решавањето на деценискиот проблем со јавниот превоз во Скопје е дел од листата на приоритети на Градот Скопје, кој заслужува автобуски превоз што нема да загадува, ќе биде енергетски ефикасен и во целост ќе излезе во пресрет на потребите на граѓаните коишто го користат.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
