УСПЕШЕН НАСТАП НА СПОРТСКИТЕ ЕКИПИ НА ГРАД СКОПЈЕ НА НАТПРЕВАРИ ВО ПОДГОРИЦА 16.5.2019
![]() |
![]() |
Најдобрите спортски екипи на средните училишта од Скопје, кои вчера се натпреваруваа со нивните врсници од збратимениот град Подгорица, Црна Гора, постигнаа солидни резултати.
Екипите од Скопје се натпреваруваа со нивните врсници од Подгорица во кошарка, ракомет и футсал во машка и во женска конкуренција, како и во одбојка во женска конкуренција.
![]() |
![]() |
Нашите одбојкарки беа подобри од своите противнички и победија со 2:0, а ракометарките изгубија само со гол разлика, односно 19:20, додека ракометарите играа нерешено 17:17. Во футсал машките беа поуспешни и извојуваа победа со резултат 5:4, а женските загубија 3:4. Во кошарка средношколките изгубија 39:49, а машките победија 44:36.
Учениците од Скопје имаа можност да прошетаат низ Подгорица и да ги посетат знаменитостите на градот.
![]() |
![]() |
Натпреварите на најдобрите спортски екипи од средните училишта од Скопје во Подгорица се продолжение на праксата за организирање вакви натпреварувања, а во изминатите години се организираа патувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија, Белград и во Нирнберг.
![]() |
![]() |
Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1.000 натпревари во кои се вклучија околу 7.000 ученици од 29 средни училишта од Скопје. За организација и реализација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот Скопје годинава одвои 3.500.000 денари. Дополнително, и оваа година додели стипендии за спортистите средношколци од Скопје, односно додели 105 стипендии, од по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2019 година, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
