ШИЛЕГОВ ВО ДВОДНЕВНА ПОСЕТА НА НИРНБЕРГ 30.8.2018
Град Нирнбeрг викендов го организираше 14.Безграничен фестивал на збратимени градови на кој се претстави Градот Скопје. Градоначалникот Шилегов на својата официјална посета имаше обраќање на отворањето на фестивалот, а претходниот ден ја отвори изложбата во рамките на истиот фестивал.
- Ми претставува чест и задоволство да ја предводам делегацијата на Град Скопје на овој меѓународен фестивал на збратимени градови, тука во збратимениот град Нирнберг. Верувам дека ќе се согласите дека збратимувањето на градовите е од особена важност за интензивирање на соработката и развивање партнерски однос на многу полиња. Најважната придобивка е спојувањето и негувањето на различностите- изјави Шилегов.
Тој нагласи дека соработката со пријателскиот град Нирнберг е навистина одличен пример за тоа како два збратимени града можат многу успешно да соработуваат во многу области. Ги потенцираше активностите на двата града во соработка и размената на искуства на полето на културата, младинската и спортската размена, а ги најави и активностите во правец на развивање на соработката во областа за заштита на животната средина.
- Како градоначалник на Град Скопје посветен сум на развивање на меѓународната соработка на мојот град, пред се поради негување на имиџот на Град на солидарноста, епитет кој Скопје го доби после катастрофалниот земјотрес во јули 1963 година. Вчера во галеријата Бунсен ја отворивме изложбата на македонските уметнички Петра Јовановска и Наташа Милованчев. Денеска на овој фестивал ќе учествува нашата музичка група Тони и Черкези, уметничката Јасмина Главинче, МАТА-Асоцијација на дизајнери и креативни занаетчии. Верувам дека нашите пријатели ќе уживаат во прекрасниот македонски амбиент тука во Нирнберг- изјави Шилегов на Меѓународниот фестивал на збратимени градови.
Делегацијата на Град Скопје ја предводеше градоначалникот Шилегов, а беше составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ и советниците од Советот на Град Скопје Ирена Попова и Бесник Ајет.
Соработката помеѓу Скопје и Нирнбeрг датира од времето веднаш по катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 Јули 1963 година, кога во август, од Нирнберг пристигнува првата група од 80 младинци кои помагале во расчистувањето на урнатините. Младинците коишто учествувале во обновата на градот се менувале секои 2-3 месеци и тоа траело со години.
Градот Скопје има силна волја и капацитет да го зацврсти пријателството со Нирнберг и преку интензивирање на соработката да обезбеди подобар живот за граѓаните на Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
