ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ФЕКАЛНИОТ КОЛЕКТОР ПО ДОЛЖИНАТА НА БУЛЕВАРОТ ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО 27.1.2016
![]() |
![]() |
Град Скопје денеска /04.01.2016 година, понеделник/ ги започна градежните работи од проектот за изградба на новиот фекален колектор по должината на булеварот „Видое Смилевски Бато“.
На почетокот на градежните работи присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и претседателите на советите на Град Скопје и Општина Аеродром, Ирена Мишева и Виктор Камиловски.
- Станува збор за изградба на нов фекален колектор со вкупна должина од 771 метар, од крајот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ до крстосницата со булеварот „Србија“, каде што ќе се поврзе со постојниот фекален колектор. На овој потег ќе се монтираат полипропиленски
канализациони цевки со профил ф-800 милиметри, а ќе бидат поставени и 12 ротомолдинг шахти. Рокот на изведба е 90 работни денови, а за реализацијата на овој проект Град Скопје ќе издвои околу 27 милиони денари, кажа градоначалникот Трајановски.
Претседателот на Владата Груевски изјави дека со реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект, ќе се решат проблемите од овој вид за жителите од овој дел на градот.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ


