НОВ КОНЕКТОР СПОЈУВА ТРИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО КАРПОШ 31.8.2018
Градот Скопје продолжува да инвестира во подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје.
Деновиве заврши изградбата на новата велосипедската и пешачка патека на булеварот „8 Септември“, која се протега од мостот кај хотелот Александар Палас до улицата „Варшавска“.
На промоцијата на новата велосипедска патека присуствуваше и градоначалникот Шилегов.
- Вкупната должина на патеката на овој потег изнесува 1.200 метри и со тоа успешно ги поврзавме постојните велосипедски рути 1 и 2 со кејот на Вардар. Ширината на патеката изнесува 2,5 метри што овозможува двонасочен велосипедски сообраќај. Велосипедската патека е дел од т.н. „Конектор 5“ кој по завршувањето на неговата изградба во вкупна должина од 2.044 метри предвидено е да ги поврзува рутите 1, 2 и 3 и да се протега по должина на целиот булевар, поточно од крстосницата со булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосницата со улица „Скупи“ – кажа Шилегов.
За изградбата на велосипедската и пешачката патека досега се потрошени 15 милиони денари. На дел од оваа патека се вршат и експериментални мерења за температурата на асфалтот и заради тоа тој дел од патеката е обоен со бела боја. Пилот тестирањето е дел од европскиот проект ЕПИКУРО ЕКО чија цел е зголемување на отпорноста на градот во однос на климатските промени.
- Проектот „Скопје вело-град“ го враќаме на врвот на листата на приоритети. Планираме да ја продолжиме изградбата на овие кратки патеки што ги поврзуваат постојните главни велосипедски рути, а работиме и на создавање на услови за почнување на изградбата на неизградените рути – додаде Шилегов.
Со завршувањето на оваа патека ќе се поврзат трите главни рути во Скопје и кејот на Вардар и граѓаните на Карпош, како и преостанатите граѓани коишто живеат и работат тука ќе можат побрзо со велосипед да стигнуваат до своите домови и работни места.
Покрај на оваа локација, во моментов се работи на изградба на нови велосипедските патеки на повеќе локации низ градот со вкупна должина од над 5 километри. Новите патеки се градат на булевар „Борис Трајковски“, на улица „11 Октомври“, на булевар „Крсте Петков Мисирков“ и на улица „Бутелска“.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
