АВТОБУСИТЕ НА ВОДНО СО НОВ ВОЗЕН РЕД 07.12.2017
Поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час.
Пробната линија со број 25А сообраќа на релација: Автомакедонија (Стара железничка станица) - Средно Водно, по следнава траса: булевар Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.
За линијата број 25A важи следниот возен ред:
|
Автомакедонија (Стара железничка станица) |
Средно Водно |
|
09:00 |
09:30 |
|
09:30 |
10:00 |
|
10:00 |
10:30 |
|
10:30 |
11:00 |
|
11:00 |
11:30 |
|
11:30 |
12:00 |
|
12:00 |
12:30 |
|
12:30 |
13:00 |
|
13:00 |
13:30 |
|
13:30 |
14:00 |
|
14:00 |
14:30 |
|
14:30 |
15:00 |
|
15:00 |
15:30 |
|
15:30 |
16:00 |
Пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата Дом на печат - Средно Водно, по следнава траса: булевар Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.
За пробната линија 25Б ќе важи следниот возен ред:
|
Дом на печат |
Средно Водно |
|
09:15 |
09:45 |
|
09:45 |
10:15 |
|
10:15 |
10:45 |
|
10:45 |
11:15 |
|
11:15 |
11:45 |
|
11:45 |
12:15 |
|
12:15 |
12:45 |
|
12:45 |
13:15 |
|
13:15 |
13:45 |
|
13:45 |
14:15 |
|
14:15 |
14:45 |
|
14:45 |
15:15 |
|
15:15 |
15:45 |
За потсетување, Градот Скопје од минатиот викенд воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која ќе важи секој викенд и за време на државните празници. Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.
За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно Градот Скопје воведе 2 (две) нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно.
Покрај 2. (двете) нови пробни автобуски линии, граѓаните можат непречено да ја користат и постојната автобуска линија – линијата со број 25 до Средно Водно.
Возењето на овие три автобуски линии (25, 25А и 25Б) на почетокот ќе биде бесплатно. Во пресрет на граѓаните, Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).
Забраната за движење моторни возила до Средно Водно нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
