СЕ ГРАДИ НОВАТА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА ИНДИРА ГАНДИ 14.7.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, денеска /10.06.2017 година/ извршија увид во градежните работи на новата атмосферска канализација што се гради по дел од улицата Индира Ганди, во општината Шуто Оризари.
- Со капиталниот проект за изградба на атмосферска канализација по дел од улицата Индира Ганди ќе се реши еден од акутните проблеми со кои се соочуваа жителите на Шуто Оризари со одведувањето на дождовницата и поплавувањето на оваа улица и при најмали врнежи од дожд. Со овој зафат, на терен се прави ископ и се гради атмосферска мрежа со должина од 942 метра и со полипропиленски цевки со профил од 400, 600 и 800 милиметри. Цевките од канализацијата се веќе поставени, а во наредните денови ќе се работи на формирање на сливниците. Потоа, коловозот на улицата Индира Ганди ќе биде саниран. На терен работат екипите на градежната компанија ДГТТУ „ЈУ БАЈ 2 АМЕТ“, а очекуваме градежните работи да завршат за еден месец, пред истекот на предвидениот рок. Градот Скопје за овој капитален зафат ќе одвои околу 13,7 милиони денари – рече денеска градоначалникот Трајановски.
Трајановски се заблагодари на граѓаните за трпението и разбирањето што го покажуваат додека траат градежните работи на новата атмосферска мрежа на улицата Индира Ганди.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
