СО НОВА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ОТВОРЕНА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА СКОПЈЕ 2018 19.5.2018
Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на официјалниот почеток на новата туристичка сезона Скопје 2018 и промоцијата на новата туристичка автобуска рута.
Новата рута се реализира во рамки на „Сити тур бас“ (CITY TOUR BUS) преку ЈСП Турс и истата има за цел да ги презентира сите културни и туристички знаменитости на Скопје, со акцент на богатството на културни и религиозни разлики, мулти-етничноста, Старата скопска чаршија со сите свои специфики од занаети до кулинарство, архитектурата на Кензо Танге поврзана со земјотресот и Скопје како град на солидарноста.
- Го враќаме стариот сјај на Скопје истовремено збогатувајќи ја туристичката понуда на градот со модерни содржини кои реално ќе привлечат нови туристи. Нашата цел е новите туристи по посетата на Скопје во своите краеви да понесат пријатни искуства достојни за угледот на нашиот град, по примерот на другите европски и светски метрополи. Придобивките на новата туристичка сезона за оваа година опфаќаат и промоција на Парк шумата Водно и Матка како еко-оази на градот, Жичницата на Водно, како и промоција на настаните кои ни претстојат од типот на Виз Ер Скопскиот маратон кој ќе се одржи 6-ти мај, трката на Водно „Прв до Врв“ која ќе се одржи на 20-ти мај, Скопското лето, како и ред други настани кои Скопје го прават бренд со кој сите се гордееме – кажа Шилегов.
Градоначалникот Шилегов додаде дека Градот Скопје ќе ги продолжи своите активности за развој на туризмот во Скопје и подобрување на условите за сите негови посетители.
- Напорно работиме на унапредувањето на туризмот во градот и Ве уверувам дека со малку креативност ќе станеме пристојна туристичка дестинација. Скопје има голем неискористен потенцијал за развој на туризмот кој мора да се искористи и ќе се искористи на вистински начин на кој сите придобивки најмногу ќе ги почувствуваат граѓаните на Скопје – рече Шилегов.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
