ГРАД СКОПЈЕ ЗАСАДИ НОВИ ЛИСТОПАДНИ ДРВЈА ВО НОВО ЛИСИЧЕ 27.4.2018
Екипи на Град Скопје како дел од пролетната акција за зазеленување на градот, засадија 45 листопадни дрвја во Реонски центар Аеродром, на булеварот Видое Смилевски Бато.
- Градот Скопје деновиве го реконструираше јавното зеленило на булеварот Видое Смилевски Бато, на површина од 2.410 квадратни метри. На оваа зелена површина е поставена нова хидрантска мрежа во должина од 230 метри и нов систем за наводнување со хидранти. Денеска засадивме нови 45 листопадни дрвја, односно 30 садници од видот јасен и 15 садници од видовите јапонска цреша, украсно јаболко и сорбус. Ова е дел од големата акција за зазеленување на Скопје, во која само овој месец ќе бидат засадени околу 2.000 високо квалитетни листопадни садници – рече градоначалникот Шилегов, на денешната акција за засадување дрвја.
Тој додаде дека во есенската акција за зазеленување на градот, се планира да се засадат вкупно 8.000 висококвалитетни садници.
- Зазеленувањето останува на врвот на листата приоритети на Град Скопје. Ќе ја искористиме пролетта да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации – нагласи Шилегов.
На акцијата за засадување дрвја на булеварот Видое Смилевски Бато присуствуваа и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Адријан Муча.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
