СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ НА БУЛЕВАРИТЕ „ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ“ И „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ 01.3.2016
Градот Скопје и ЈСП ги продолжуваат активностите од големиот проект за замена на старите и поставување на нови модерни автобуски постојки.
Изминатиов период почна поставувањето на нови автобуски постојки по должината на трасите на булеварите „Јане Сандански“, „Партизански одреди“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.
Во текот на 2016 година ќе бидат поставени вкупно 52 нови автобуски постојки кои во најголем број ќе бидат лоцирани на трасите на булеварите „Јане Сандански“ и „Партизански одреди“.
Овој проект е во вредност од 11 милиони денари, а е финансиран од буџетот на Град Скопје и ЈСП-Скопје.
Новите 52 автобуски постојки се надополнување на големиот проект за замена на старите и поставување на нови автобуски постојќи. Во првата фаза на проектот, кој почна да се реализира во 2013 година, поставени се 226 нови автобуски постојки, за што беа одвоени 66 милиони денари од буџетот на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
