СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ СВЕТЛОСНИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ 21.12.2016
Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат нови светлосни знаци на порталните столбови на градските крстосници.
Нови знаци се веќе поставени на крстосницата на булеварот ВМРО со булеварот Гоце Делчев, а замената на старите со нови знаци ќе продолжи и на улицата Радишанска кај ОУ „Ацо Шопов“, на улицата Московска и на булеварот Александар Македонски.
Со поставувањето на новите светлосни сообраќајни знаци ќе се овозможи поголема видливост на пешачките премини и побезбедно одвивање на сообраќајот на градските улици.
Според програмата на Град Скопје, нови светлосни знаци е предвидено да се постават и на улиците Димитрие Чуповски, пешачкиот премин кај СУГС „Јосип Броз Тито“, на пешачкиот премин кај Министерството за правда, на булеварот Партизански одреди (на потегот од улицата Ацо Шопов до улицата Ангел Динев), на улиците Франклин Рузвелт, Бутелска, Коце Металец, како и на улицата Индира Ганди.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
