„УЛИЦАТА НА РАДОСТА“ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ОД УТРЕ СО ПРОГРАМА ЗА НАЈМЛАДИТЕ 01.1.2018
Новогодишниот базар, кој e во организација на Град Скопје и Конгресен центар Александар Македонски, поставен на Плоштад Македонија, со својата понуда им помогна на многу наши сограѓани да одберат уникатен подарок за своите блиски.
„Улицата на радоста” на само неколку денови пред најлудата ноќ од утре ја збогатуваме со нови интересни содржини.
Од четврток, на Плоштад Македонија, па се до 30 декември, во два термина дневно (13 и 18 часот) најмладите ќе може да се забавуваат со Дедо Мраз и неговата дружина составена од Белата и Темната Кралица, Ангелите и Џуџињата. Претставата „Дедо Мраз во пензија” е збогатена со раскошни костими, убава музика и одлична актерска игра. Главните улоги ги играат Војо Цветановски, Тамара Ристоска и Маријана Станојковска. Претставата ветува одлична забава за најмладите.
Дополнително, ликовите од претставата задно со 12 извонредни музичари ќе направат една голема новогодишна парада и заедно со дечињата ќе прошетаат по улица Македонија и навистина ќе ја претворат во Улица на радоста.
Традиционалното пристигнување на Дедо Мраз на 31 декември на Плоштад Македонија во 12 часот е настан кој веруваме дека сите деца со нетрпение го очекуваат. Затоа Град Скопје се погрижи и годинава тој да пристигне на необичен начин и ќе биде изненадување за сите посетители.
Град Скопје ги поканува сите сограѓани и оние што ќе престојуваат во Скопје за празниците да ја посетат „Улицата на радоста” и да ја почувствуваат новогодишната магија. Празниците се поубави кога ќе ја споделиме радоста со блиските.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
