ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЗНАЧАЈНИ НАСТАНИ И ЛИЧНОСТИ ОД ОБРАЗОВАНИЕТО 22.6.2017

Во рамки на програмата за одбележување на значајни личности и настани од образованието, проект на Град Скопје, учениците од  СУГС  “Георги Димитров“, реализираа проект насловен “По стапките на Св. Климет Охридски“.

Учениците од  СУГС „Георги Димитров“,  во изминатите три месеци до завршната манифестација, реализираа голем број активности, со цел да се прошират знаењета за големината и значењето на овој македонски просветител.

Во првата фаза од реализацијата на овој проект беа спроведени истражувања, при што учениците истражувале од повеќе извори, поврзани со животот и делото на Климент Охридски.

Учениците во рамки на истражувачкиот дел имаа и можност да посетат повеќе места, каде што нашиот просветител ја обавувал големата мисија, како што се Црквата во Горна Белица, струшко, Св.Пантелејмон и Св. Богородица перивлепта и градот Охрид.

Во рамки на истражувачките активности, учениците поделени во повеќе тимови, направија систематизација на прибраните материјали и во завршниот дел подготвија брошура, изложба и документарен филм за Свети Климент.

Град Скопје веќе трета година го реализира овој проект и ги иницира средните училишта да учествуваат на интерните конкурси за обележување на личноста и делата на македонските просветители. Оваа година за оваа намена се безбедни 300000 денари и покрај веќе реализираниот проект, до крајот на оваа година треба да се реализираат проектите на уште три средни училишта, и тоа

СУГС Владо Тасевски -„Драмското перо на меѓувоените автори ја отслика судбината на жената во традиционалното македонско семејство („Бегалка“ – Васил Иљоски и „Печалбари“ Антон Панов)“

СУГС „Јосип Броз Тито “-„Учителот Григор Прличев – најсветлата звезда на нашето небо која сеуште блеска “

СУГС „Здравко Цветковски“- „Гоце Делчев, Никола Карев, Коца Тодорова-значајни македонски револуционери и учители“