
ЦЕЛО ЛЕТО ОДЛИЧНА МУЗИЧКА ЗАБАВА СО „СУПЕР СКОПЈЕ“ 13.8.2017
Aвгуст и септември во Скопје со одлична забава, музика и голем број на настани со „СУПЕР СКОПЈЕ“. Во текот на месец август и дел од септември, под мотото „Супер скопје“, секој викенд на различни локации жителите и посетителите на Скопје ќе имаат можност да проследат голем број на концетри и други културно-уметнички настапи.
Ова денеска /16.07.2017 година, недела/ го соопшти градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претставници на сопствениците и менаџерите на угостителските објекти во Скопје.
- Станува збор за проект за организирање на голем број на забавни настани во Скопје секој викенд, поточно петок и сабота, на повеќе локации во Скопје. Супер Скопје ќе започне на 7 август, со отворањето на 10-то јубилејно издание на Пиволенд, каде и оваа година на Скопското кале сите ќе може да уживаат во одлично пиво, скара и музичка програма. Како една од музичките атракции кои ќе настапат на скопскиот Пиволенд сакам да Ви го најавам белградскиот состав С.А.Р.С кои ќе настапи на 12 август во сабота. На 8 август во Скопје ќе се одржи фудбалскиот УЕФА Супер куп, настан од исклучително голема важност за Скопје и во рамките на овој настан ќе се одржат голем број на забавни и музички настани. Потоа на 18 и 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и 2 септември на улица Македонија и на 8 и 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Програмата ја креираме во соработка и на предлог на сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, кои најдобро се запознаени со музичките вкусови на посетителите на локалите. Во моментов се разговара со повеќе музички изведувачи и нивните имиња и датуми на настап ќе ги соопштуваме кога ќе имаме потврда за тоа. Ги повикувам граѓаните и посетителите на Скопје да уживаат ова лето во одлична забава – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Трајановски најави дека ќе поднесе и иницијатива за овој период работното време на угостителските објекти и локали да се продолжи за еден час.
Во рамки на „Супер Скопје“ на секоја од предвидените места каде што ќе се одржуваат концертите и забавите, договорено е со сопствениците и менаџерите на локалите настапите во петок и сабота да се одвиваат на различни локации.
Проектот „Супер Скопје“ се организира во соработка и на барање на угостителите кои предложија вакви настани со цел заживување на Скопје, пред се во летниот период. Градот Скопје има намера овој проект да стане традиционален и да се организира секоја година.
- ВЕСТИ
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност